Пракса во Грант Торнтон

MA9CYpwgtkq4CxhYg7j8ag-large.jpg

Грант Торнтон, grantthornton.mk, е дел од една од водечките организации во светот, Grant Thornton International, составена од независни фирми кои обезбедуваат широк спектар на ревизорски, даночни и советодавни услуги. Доколку имате желба да стекнете знаење од искусни професионалци и сакате да бидете дел од нашиот
тим, аплицирајте за практиканска работа во секторот за Ревизија.

Улога во тимот:

• Учествување во извршување активности на проверка, ревизија и контрола
• Вршење на тестови, анализи и подготовка на работна документација
• Уредно водење на документацијата во согласност политиките на фирмата
Потребни квалификации и компетенции:
• Универзитетска диплома (или апсолвент) од факултет за економски науки
• Владеење на деловен англиски јазик, усно и писмено
• Одлично познавање на Microsoft Office и развиени компјутерски вештини
• Одлични комуникациски и меѓучовечки односи
• Способност за развој и одржување на добри работни односи
• Способност за одржување дискреција при справувањето со доверливи информации
• Самодоверба и способност за работа по своја иницијатива и со ограничен надзор

Доколку сакате да ја преземете одговорноста за развојот на вашата професионална кариера во една од
најголемите глобални организации, Ве молиме да ја испратите вашата кратка биографија со фотографија на
[email protected] најдоцна до 05.06.2022 година.

Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Напоменуваме дека ќе бидат контактирани само
кандидатите кои ги исполнуваат наведените услови.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail