interworks.jpg

Интерворкс е IT компанија која постои на пазарот од 2004. Како ИТ компанија специјализирани сме во повеќе области како интеграција, развој на апликации, тестирање, итн. Споделувањето на нашето знаење со други личности е една од нашите главни вредности. Веруваме дека доколку секој еден би го споделил своето знаење тогаш со тоа ќе придонесе кон подобро општество, а со самото тоа и зголемена компетентност на сите оние кои сакаат да напредуваат.

По повод отворањето на канцеларија во Скопје, одлучивме да склучиме меморандум за соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) која ќе се состои од предавања, презентации, и вежби од страна на вработени во Интерворкс со долгогодишно искуство во различни области: интеграција, развој на апликации, тестирање итн.

Како дел од таа соработка, започнуваме со Практикантска програма наменета за студенти кои се во последната година од своето студирање, или кои имаат завршено, но сеуште немаат дипломирано.

Повеќе информации можете да најдете тука https://interworks.com.mk/jobs/integration-intern-2/

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail