Пракса/вработување во Pelagus IT

pelagus.jpg

Pelagus IT, компанија со седиште во Словенија распишува конкурс за практикант / редовно вработување од областа на Web/XML/BigData анализа-трансформации, во канцеларијата за развој на софтвер во Скопје.

Ве покануваме да испратите C.V. на: info@pelagus-it.com.

Избраните кандидати ке ги поканиме на разговор.

Би сакале да ни се придружат позитивни, високо мотивирани личности, со желба за личен напредок и дологорочна соработка, кои поседуваат што повеќе од следните знаења:

– високо аналитично раѕмислување

– основни познавања од XML, XQuery

– основни познавања од мрежна технологија (уреди, сервиси и протоколи)

– основни познавања од back-end технологии и алатки: Python, Java, Spring, JPA

– основни познавања од Linux

– пожелно познавање на front-end технологии: JavaScript, TypeScript, CSS исл.

– пожелно познавање на релациски бази како Oracle, SQL Server и MySql

 

Нудиме:

– пријатна работна околина

– менторски организирана работа со можност за широк техничен напредок

– работа на интернационални проекти од различни домени (телеком, паркинг, транспорт, логистика, e-commerce…)

– компетитивно наградување во зависност од напредокот и постигнатите резултати

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail