Првото професионално искуство во ЕВН може да се стекне како студент. Ви нудиме
интересни активности, работа со ментор, обуки, дружење, нови вештини, одлична можност
за практична имплементација на академското знаење.
Место на извршување на праксата – Скопје, Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар,
Делчево, Кавадарци, Кичево, Кочани, Кратово, Куманово, Охрид, Прилеп, Струга,
Струмица, Тетово, Штип
Период во кој ќе се одвива праксата – јули, август или септември 2020
Праксата е наменета за – студенти на Електроенергетика, Информатичка Технологија,
Правни науки, Економски науки и слично
Кажете ни што сакате да научите кај нас и во која насока сакате да се развивате!
Аплицирајте најдоцна до 30.06.2020 на [email protected]