Практикантска работа во НЛБ Банка АД Скопје

nlb-1.png
НЛБ Банка нуди можност за остварување на практикантска  работа во рамки на организационите единици Банката, за сите динамични и мотивирани студенти кои се заинтересирани за запознавање на банкарското работење.
Се што треба да направите е да ја пополните апликацијата за пракса, која е поставена на нашата web страна на следниов линк , и доколку ги исполнувате следните услови:
  • Да сте студент на додипломски или постдипломски студии на Економски, Правен или Факултет за информатичка технологија;
  • Да имате солидно познавање на англискиот јазик;
  • Да имате познавање на MS Office пакетот;
  • Да имате позитивен пристап и мотивираност;
  • Да имате подготвеност за работа и тимски дух.
Реализација на работната пракса е во траење од 1 (еден) месец, со можност за продолжување до 3 (три) месеци.
Експозитурите надвор од Скопје во кои може да се извршува практикантската работа се: Битола, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Гостивар, Куманово, Струмица, Штип, Велес, Крива Паланка, Валандово, Гевгелија, Радовиш, Кавадарци, Кичево, Кочани, Неготино, Прилеп, Ресен и Свети Николе.
Праксата ќе се организира согласно динамиката на барањата на Банката за практиканти и селекција на кандидатите кои се пријавиле за пракса.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail