Прашина од Месечината се продава на аукција во Њуjорк

aukcija-e1500198880129.jpg

Прашина која првиот човек кој стапнал на Месечината, Нил Армстронг, ја донесе на Земјата е изложена во аукциската куќа Сотби во Њуjорк и се очекува дека овој симбол на славните денови на американската вселенска програма ќе достигне цена помеѓу два и четири милиони долари.

Тоа е едно од 180 нешта поврзани со патувања во вселената кои аукциската куќа ќе ги понуди на аукција на 20 јули во чест на 48. годишнина од првото слетување на Месечина во 1969 година. Прашината која ќе биде на продажба е првиот примерок од Месечина во историјата.

На аукцијата ќе биде понудена и фотографија од Баз Олдрин, вториот човек на Месечина, која е проценета меѓу 3 000 и 5 000 долари.

Нивниот план на лет за враќање на Земјата, според Сотби, вреди помеѓу 25 000 и 35 000 долари, а фотографија од астронаутот Џин Кернан кој леташе со вселенското летало Аполо 17 во лунарниот модул е проценета помеѓу 2 000 и 3 000 долари.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail