Правилата за живеење на Лао Цу: „Кога се гледате себеси со љубов, ќе давате љубов и околу вас“

20170106-pravilata-za-zhiveenje-na-lao-cu-koga-se-gledate-sebesi-so-ljubov-kje-davate-ljubov-i-okolu-vas-m-1.jpg

Пред многу векови, Лао Цу зборувал за четирите кардинални доблести, учејќи ги луѓето дека кога ги практикуваат како начин на живот доаѓаат до вистината за универзумот. Според древниот кинески мајстор овие учења може да го отворат човек до поголема мудрост и поголема среќа, затоа што му овозможуваат пристап до сите сили од кои произлегува енергија.
„Кога ќе успеете да се поврзите со вашата енергија и со божествената сфера преку високата свест и практиката на недискриминирачка доблест, следува пренесувањето на крајните суптилни вистини“ –

Името Лао Цу значи „Стар господар“ – голем дел од луѓето мислеле дека Лао Цу бил испратен од Бога. Четирите кардинални доблести се наоѓаат во Тао Те Чинг, збирка поговорки од кои произлегуваат главните атоистички учења. Збирката има 81 кратка поезија стихови спакувани со универзална мудрост за политиката, општеството и личниот живот, и има за цел да поддржи лична хармонија преку вистинскиот поглед и сфаќање на постоењето.

Тао не охрабрува да бидеме во контакт со самите себеси, особено со нашиот најдлабок глас, со што навистина се спознаваме себеси и тогаш го пронаоѓаме вечниот мир.

„Најдобрите луѓе се како вода, од која имаат сите корист и не се натпреварува со нив“.

Во животот влегуваме чисти, а пред нас е спектакуларен пат со неограничени потенцијали и можности.

За да ја сфатите постојаноста и цврстината во вашиот живот потребно е да ја сфатите длабоката природа на универзумот. Ова сфаќање не зависи од внатрешната или надворешната состојба, туку тоа е израз на сопствената непроменлива духовна природа. Единствениот начин за постигнување на „Универзалниот начин“ е да се одржуваат доблестите на постојаност, цврстина и едноставност во секојдневниот живот“.

Четирите кардинални доблести или правила за живеење, може да обезбедат рамка за живот исполнета со внатрешна мир и цел.

1. Почит за сите форми на живот

Оваа доблест се манифестира како безусловна љубов и позитивен однос за сите суштества во универзумо, почнувајќи од самиот себеси. Почитта е за сиот живот, а не само некои форми. Им дава чест на сите форми на живот, а неговото јадро има вродено духовно разбирање за тоа како навистина функционира универзумот – дека сите ние сме искри на еден пожар. Кога живееме со длабока почит кон сите форми на живот, ние ја предаваме нашата потреба за контрола и доминација. Ние природно доаѓаме во искрена благодарност за сиот живот.

„Потврдете го ова колку што можете почесто, затоа што кога се гледате себеси со љубов, ќе давате љубов и околу вас. А колку повеќе љубов давате, толку помалку ќе ги користите старите модели за изговор“.

2. Природа искреност

Оваа доблест опфаќа добрина и автентичност. Тоа е сочувство и сеопфатна љубов за сите суштества. Кога сме искрени и кога дејствуваме со интегритет, се движиме кон внатрешен мир. Кога нашата совест е јасна, ние немаме внатрешни конфликти и ништо не може да еродира во нашиот мирен ум. Голем дел од овие четири столба се поврзани со кармата, законот за причина и последица и одржување на рамнотежа и безгрижност.

3. Нежност

Нежноста е длабоко моќна карактеристика. Често се толкува како стабилност. Таа е чувствителност и почит за животот. Таа може да се сумира со реченицата на Далај Лама: „Мојата религија е многу едноставна, мојата религија е љубезност“. Во животот, многу е важно да се биде љубезен отколку да се биде во право. Нежноста е чадор за прошка, прифаќање и љубов.

„Нежноста обично укажува на тоа дека повеќе немате силно его инспирирано од желбата да доминирате или да ги контролирате другите, и таа ви овозможува да се движите во ритам со универзумот. Нежноста зависи и од прифаќањето на животот на другите луѓе онакви какви што се, наместо инсистирање да бидат како што сте вие“.

4. Поддршка

Кога ние сме поддршка за себеси тогаш ние сме поддршка и за другите. Оваа основа е основен принцип на човештвото. Ние природно сме социјални суштества, а во нашата основа сакаме да бидеме со другите и да им помагаме на другите. Многу експерименти покажале дека луѓето се мотивирани со поврзувањето со другите луѓе. Кога им даваме на другите луѓе, кога споделуваме и сме им поддршка на другите луѓе, ние сме среќни. Нашите животи се значајни и нашите срца полни. Поддршката исто така е поврзана со слушање на другиот и давање утеха. Таа е радикална добрина во акција. Овој цитат од поетот Хафиз кажува се’: „Дури и после толку време, Сонцето никогаш не ѝ вели на Земјата: „Должна си ми!“.

„Најголемата радост доаѓа од давањето, така што добро би било да ја заменете вашата навика на фокусирање исклучиво на себе. Кога правите промена и ги поддржувате другите во вашиот живот, без да очекувате ништо за возврат, ќе започнете помалку да мислите за тоа што вие сакате и ќе пронајдете удобност и радост во самиот чин на давање и служење“.

Нека овие четири доблести го формираат вашиот живот. Секоја од нив на некој начин носи светлина, добрина и течение и ќе ви помогне да не станете деструктивни.

„Четирите кардинални доблести се патоказ за едноставната вистина на универзумот. Да се почитуваат сите форми на животот, да се живее со природна искреност и да се биде во служба на другите е реплицирање на енергетското поле од кое потекнувате“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail