Правниот факултет домаќин на меѓународен научен и стручен настан

praven-13-800x472-1.jpg

На 11.05.2022 година во организација на Правниот факултет при УКЛО, во соработка со Управата за извршување на санкциите на РСМ и Правосудниот истражувачки центар од Ниш, се одржа меѓународен научен и стручен (хибриден) настан “Третман на осудените лица: Како до успешна ресоцијализација низ искуството на различни пенитенцијарни системи“.

На настанот учество зедоа повеќе експерти од земјата и странство меѓу кои директорите на КПУ од Битола, Прилеп и Охрид, вработените од НПМ при Канцеларијата на Народниот правобранител, претставници на НВО од Македонија, судии и адвокати, професори и студенти од Правниот факултет.

На отворањето поздравни обраќања имаа министерот за правда, проф. д-р Никола Тупанчески, ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски, директорот на Управата за извршување на санкциите, Марјан Спасовски; деканот на Правниот факултет, проф. д-р Горан Илиќ и раководителката на Центарот за научно – истражувачка работа, проф. д-р Ангелина Станојоска.

Првиот панел се однесуваше на модерните искуства од другите земји и од Македонија. Покрај модераторот, проф. д-р Ангелина Станојоска, свои презентации имаа професорката Бет Хубнер од Одделот за криминологија и кривична правда, Универзитет во Мизури – Сент Луис, САД, Пиа Пуолака, Проектна менаџерка на проектот “Smart” затвор на Агенцијата за кривични санкции, Финска, Ален Колинс, Експерт во Управата за извршување на санкциите на РСМ, Петар Јорданоски од Советот на Европа и Ирен Ирбе, од Одделот за системи за реинтеграција од Естонија.

Вториот панел беше посветен на искуствата од Република Северна Македонија и Република Србија и забелешките на пенитенцијарните системи во двете земји. Покрај модераторот, проф. д-р Ице Илијевски, презентации имаа професорите Миомира Костиќ и Дарко Димовски од Правниот факултет во Ниш, Ангелина Станојоска од УКЛО, м-р Ина Џугуманова од Хелсиншкиот Комитет за човекови права во РСМ, м-р Ирена Здравкова од Македонското здружение за млади правници (MYLA) и Лена Христовска од Секторот за ресоцијализација, КПУ Затвор Битола.

Генерален заклучок е дека Република Северна Македонија има уште многу обврски кои треба да ги исполни за да може да очекува успешен третман и ресоцијализација на осудените лица. Целосните заклучоци и предлозите произлезени од научната дебата ќе бидат јавно достапни.

Одржаниот научен и стручен настан на Правниот факултет при УКЛО е уште еден доказ дека покрај образовната и научната, УКЛО ја спроведува и својата трета мисија, општествената одговорност.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail