Правниот факултет „Јустинијан Први“ повторно помеѓу најдобрите во светот за меѓународно арбитражно право

PRAVEN-FAKULTET.png

Тимот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје на најголемиот натпревар во светот од областа на меѓународното арбитражно право – Вилем K. Вис, во конкуренција на 357 тима, обезбеди пласман во финалната рунда од 64 најдобри во светот. На најголемата арбитражна олимпијада, како што Би-би-си го нарекува натпреварот, Правниот факултет се пласираше во рангот на најдобрите факултети во светот за меѓународно арбитражно право.

Тимот под менторство на проф. д-р Тони Дескоски го сочинуваа студентите: Ениса Рами, Влатко Токарев, Петар Митрески, Ана Миовска, Кристијан Милошевиќ, како и Ивана Ужевска која учествуваше во составувањето на писмените поднесоци. Во подготовките на студентите учествуваа и доц. д-р Вангел Доковски, д-р Ана Пепељугоска и ас. м-р Љубен Коцев.

Натпреварот веќе 25 години се одржува во Виена, Австрија, а Правниот факултет „Јустинијан Први“ од своето прво учество во 2009 година четири пати успева да се вброи високо меѓу најдобрите факултети во светот.

М.В

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top