Тимот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, составен од студентките Марија Чекреџи, Марија Крстева, Теа Мицевска и Луција Чукеловска, а подготвуван од проф. д-р Сашо Георгиевски, м-р Атанас Аврамов и м-р Миа Георгиевска, продолжува со извонредниот успех на меѓународниот натпревар по меѓународно право Phillip C. Jessup.
Имено, тимот, во периодот од 02-05 март 2022 година, учествуваше на пред-финалните пријателски натпревари Philip C. Jessup European – Friendlies и го освои 5-то место. Тимот победи против тимовите на Charles University, University of Copenhagen и Riga Graduate School of Law, а загуби против тимот на ELTE – Будимпешта. Студентката Теа Мицевска освои 7-мо место од Топ 10 најдобри говорници. Финалните натпревари, поради светската пандемија со КОВИД-19 вирусот, оваа година ќе се одржат во онлајн формат.
Тимот и Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје сака да им се заблагодари на своите спонзори Виталиа ДОО Скопје и адвокат м-р Никола Лазаров од Скопје.