Правниот Факултет од денеска спроведува е-настава

20200316133958.jpg

Правниот Факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ ги информира студентите дека од денеска сите облици на настава ќе се одвиваат по електронски пат сѐ до создавањето услови за непречено одвивање на наставата. Велат дека сите наставници за секоја работна недела (за прв и за втор циклус студии), на студентите ќе им ги пратат темите, ќе посочат литература и евентуално ќе пратат презентации, достапни материјали во електронска форма, кратки упатства, прашања за испит и сл. За полесна комуникација сите информации и материјали ќе бидат објавени на веб на Факултетот или ќе ви бидат пратени на вашиот e-mail преку координаторите на групи.

-Планираните посети на институции нема да се изведуваат сѐ до создавањето услови за нивно реализирање. Наставниците ќе ви бидат достапни преку e-mail или евентуално преку други средствата за комуникација (Google Classroom, Viber, Skype, телефон и сл.) За евентуално одвивање на наставата преку on-line предавања дополнително ќе бидете известени доколку се постави платформа од страна на УКИМ. На наставниците како алтернатива им е препорачана платформата ZOOM.US https://zoom.us/., како и евентуално споделување на снимени предавања, за што дополнително би биле известени од наставниците што би го користеле овој начин на спроведување настава, се наведува во соопштението на Правниот .

Во однос на колоквиумската недела, која е од 30 март до 3 април, Правнио Факултет наведува дека доколку не се создадат услови за непречено изведување, секој наставник ќе ги извести студентите дали ќе го одложи колоквиумот до создавање услови за спроведување или ќе го спроведе на друг начин.

-Не се исклучува можноста преку e-mail да ви се дадат задолженија да изработите есеј, семинарска работа и сл., а изработените есеи, семинарски работи, проектни задачи и сл. секој студент ќе биде должен да ги достави до наставникот преку e-mail.  Дополнителната казнена сесија се одлага до создавање услови за нејзино спроведување за што дополнително ќе бидат известени наставниците и студентите. Комуникацијата во врска со активностите на мастер студиите во поглед на подготовка и изработка на пријави за магистерски трудови, активности во текот на менторска фаза и сл., препорачуваме да се одвива по електронски пат, се истакнува во соопштението.

Влезот на Факултетот е ограничен само на споредниот влез од страната на Ректоратот. На влез/ излез од Факултетот и Службата за студентски прашања се поставени средства за дезинфекција.

извор: фактор.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail