Правниот факултет со придонес за обуката на идните судии и јавни обвинители во РСМ
Во рамките на професионалната соработка помеѓу Правниот факултет на УЈИЕ и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во Скопје, на 6 и 13 октомври 2020 година, професорот по уставно право на Правниот факултет на УЈИЕ, проф. д-р. Јетон Шасивари одржа 6 часа предавања по уставно право пред 60 слушатели на почетната обука на седмата генерација на Академијата за судии и јавни обвинители во Скопје.
Вреди да се напомене фактот дека значителен број на кандидатите од оваа генерација се поранешни дипломирани студенти на додипломски и постдипломски студии на Правниот факултет на УЈИЕ.
Извор: УЈИЕ