Прецртување на брегот на Антарктикот: една од најголемите санти мраз започна да плови кон океанот

Санта мраз со површина од 5.800 квадратни метри се отцепи од ледениот гребен Ларсен Ц на Антрактикот и слободно плови кон север, објавија германските експерти.

Долга 175 и широка 50 километри – станува збор за една од најголемите санти мраз која научниците ја имаат регистрирано во изминатите неколку години и ќе бидат потребни две до три години за таа целосно да се стопи, објави институтот Алфред Вегнер во Бремен. Кога топењето би се случило наеднаш, нивото на морето би се зголемило за три милиметри.

Причината за отцепувањето е големиот расцеп на Ларсен Ц кој настануваше со години и години. Експертите од групата MIDAS Project, која го надгледува Антарктикот претходно изјавија дека нема докази дека до овој расцеп дошло поради климатските промени. Како ќе се однесува сантата тешко е да се предвиди, велат научниците.

“Можеби и ќе остане во еден дел, но поверојатно е дека ќе се разложи во неколку делови. Некои можеби ќе останат на ова подрачје со децении, други делови можеби ќе заминат кон север, во потопли води”, изјави Адриан Лакмен, еден од водечките истражувачи во MIDAS.

Сепак, сигурно е дека промената која ја носи отцепувањето на сантата мраз ќе предизвика прецртување на брегот на Антрактикот во мапите, вели научникот Тед Скамбос.
Преку сателит ќе се следи движењето на ледениот брег. Се очекува да тргне на долг пат кон север во правец на Јужна Америка кон South Sandwich Islands кои се административно дел од Фокландските Острови. Потоа глечерот, или неговите делови, ќе навлезат во струите на Антрактикот кои го опкружуваат континетот, а се движат во правец запад-исток.

Ледените гребени се огромни пловечки парчиња мраз кои држат заедно санти мраз или ледени плочи. Larsen се состои од четири делови од кој најголем е Ларсен Ц, пишува Вашингтон Пост.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail