Пред само 11 месеци се бореше за живот а денес освоие медал

mark.jpg

Kанаѓанецот Марк Мекморис го освои бронзениот медал во категоријата слоупстајл во сноуборд и тоа немаше да биде некоја сензационална вест, доколку не го знае минатото на овој спортист.

И тоа не така далеку, пред само 11 месеци Марк се бореше за својот живот во болница во Ванкувер, откако заработи тешки повреди при пад на скијање и едвај преживеа:

 

Според неговите зборови, тој удрил во дрво и „бил сигурен дека ќе умре“, но лекарите и пред сѐ господ како што вели тој го одржаа во живот.

Спортистот смогна сили да се опорави и за 11 месеци од „смртна постела“ стигна до подиум на Олимписки игри. Тоа е моќта на олимпискиот дух…

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top