Предавања од професор Вања Кралева од Универзитетот по економија од Варна за студентите од Факултетот за економски науки

90e5d41b-37c7-4761-9d7b-a59d0b9955f1.jpg

Професор Вања Кралева од Универзитетот по економија од Варна, Република Бугарија, од 16 до 18 мај е во посета на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, која се реализира во рамките на Еразмус програмата за мобилност.

Во рамките на работната посета на универзитетот, Кралева оствари средба со менаџментот на универзитетот, при што потпретседателот на Советот на основачи на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, проф. др Мирко Трипуноски и подари сет на книги коишто се користат како учебници на Факултетот за економски науки, со цел да се пренесат искуствата и знаењето од нашиот афирмиран наставен кадар на Универзитетот по економија во Варна.

Кралева оддржа и серија предавања за студентите од Економскиот факултет на АУЕ – ФОН. Таа на нашите студенти им го пренесе своето богато и драгоцено искуство од областа на маркетингот, при што беа опфатени различни актуелни теми како што се дигитален маркетинг, социјални медиуми, маркетинг комуникации и дигитален ПР.

Со ваквите активности кои се реализираат во рамките на Еразмус програмата за мобилност се разменуваат искуства и се осовременуваат знаењата на академскиот кадар, но најважно е стручното усовршување на студентите, подобрувањето на организациските и комуникациските способности, што на крајот придонесува до подобрување на вештините и знаењата на секој поединец како клучна вредност при новите професионални предизвици.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail