Predavanje-na-FEIT-615x336.jpg

Изучувањето на гравитација, како една од четирите фундаментални сили во нашиот универзум, претставува една од најинтересните и предизвикувачки теми во науката, се вели во најавата на Скопското астромонско друштво за нивното предавање „Од Ајнштајн до гравитациски бранови“.

Предавањето ќе се одржи на 6 декември (четврток) од 20 часот ќе се одржи во Амфитеатар при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

„На ова предавање ќе обрнеме внимание на мислителите кои дале огромен придонес за осознавањето на оваа сила, и поконкретно ќе ја разгледаме Ајнштајновата Општа теорија на релативност која ја дава тековната слика, како за гравитацијата, така и за описот на самата природа на нашиот универзум. Предвидувањата добиени од оваа теорија, иако добиени од пред еден век, неодамна доведоа до едно од најголемите откритија во овој милениум. Детекцијата на гравитациските бранови одекна низ светот како огромен настан, и истиот ја втурнува набљудувачката сстрономија во нова ера. Придружете ни се на следното предавање за да дознаете повеќе за овој епохален успех“, велат од Скопско астрономско друштво.

Цена за предавањето е 100 денари, а за членови на Скопско астрономско друштво и за студентите од ФЕИТ, Машински факултет и ФИНКИ – 50 денари (притоа посетителот треба да покаже членска карта или индекс).

„Билетите се купуваат пред почетокот на предавањето на влезот на амфитеатарот и не е потребна претходна најава. Ве молиме дојдете 10 минути порано за билети за да можете да влезете на време на предавањето“, соопштуваат организаторите.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail