Предавање од поранешниот претседател на Судски совет на Р. Македонија г-дин Бранко Ушковски

3-2.jpg

На Факултетот за правни науки при МСУ во Свети Николе, беше одржано предавање од страна на поранешниот претседател на Судски совет на Република Македонија г-дин Бранко Ушковски.

Предавањето беше одржано на студентите од сите години од Факултетот за правни науки и беа разгледани областите за условите и постапките за избор на судии, надлежностите на Судскиот совет на Р.М., организацијата на судовите во инстанци во правосудниот систем во Р.М.

Ова е уште потврда дека Факултетот за правни науки се грижи за практичното знаење на студентите. Студентите се пред се!

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail