Предавање од проф. д-р Хозе Караско (Шпанија) во Свети Николе

46294108_2279329252077808_6082803787225890816_o.jpg

На 15-ти ноември на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе гостуваше проф. д-р Хозе Караско, од Универзитет „Крал Хуан Карлос“ од Мадрид, Шпанија.

Проф. д-р Хозе Караско одржа предавање на тема: „Европскиот систем за финансиска супервизија“. Хозе Караско е професор на Универзитетот „Крал Хуан Карлос“ на Катедрата за економија во Мадрид, Шпанија. Проф. д-р Хозе Караско предава на додипломски и последипломски студии предмети од областа на Mакроекономијата, Економија на парични средства, Банкарство и Финански пазари.

Освен студентите на МСУ, на предавањето гостуваа и ученици од СУ „Љупчо Сантов“ – Кочани и СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail