ukim.jpg

На 4 јуни 2018 (понеделник), м-р Томислав Чокревски, докторант на Институтот за право, технологија и општество при Универзитетот во Тилбург (Холандија) ќе одржи предавање под наслов:

Пребришани умови, испрани мозоци

Манипулација, индоктринација,  лажни вести и современ популизам: правото на слободна мисла во невро-технолошката, пост-фактичка ера

Предавањето ќе се одржи во свечената сала на Ректоратот на УКИМ, со почеток во 11:00 часот. Чест ни е да ве поканиме да присуствувате на настанот со кој започнува претставувањето на алумните на УКИМ пред академската заедница.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail