Предавање во „Експлорариум“: Диносауруси – сè што сте сакале да дознаете за нив

dinaosaurusi.jpg

Кога живееле диносаурусите? Како знаеме како изгледале? Како звучеле? Како исчезнале? Дали сè уште живеат диносауруси? Одговорот на овие и на други прашања за овие ѕверови од далечното минато може да добиете на предавањето „Диносауруси – сè што сте сакале да дознаете за нив“.

Предавањето ќе се одржи в понеделник (14 мај) од 19:30 часот во просториите на научниот клуб „Експлорариум“. Предавач на ова предавање е Кирил Пржо – биолог и стручен соработник во „Експлорариум“.

Предавањето е дел од серија научнопопуларни јавни предавања кои ќе бидат организирани од „Експлорариум“. Влезот е 100 ден. Предавањето е наменето за сите возрасти.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top