Предавање за Hatch Act, закон во САД

nak_6760-copy-e1380877041172-50967.jpg

Предавање и експертска дебата за Hatch Act, закон во САД, кој ја одредува и регулира одвоеноста на државната администрација од партијата денеска на Правниот факултет „Јустинијан I” при УКИМ ќе одржи Ана Галиндо, шеф за овој закон во американската администрација

Законот се однесува на сите вработени од страна на државна агенција чија работа е финансирана од федералната влада во целост или делумно. Федералната влада има легитимен интерес да ги обезбеди сите програми финансирани од нив да бидат извршувани на непартиски начин и да обезбеди јавноста да не ги перцепира вработените инволвирани во водењето на овие програми како партиски политичари кои вршат несоодветно партиско влијание.

По предавањето предвидена е дебата на која ќе учествуваат професори од факултетот, а потоа Галиндо ќе го посети Македонско здружение на млади правници (МЗМП) каде што ќе се презентира и дискутира Hatch Act.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail