„Предизвици во туризмот и бизнис логистиката во 21 век“ – Научна конференција на ФТБЛ

f2326bd5bdbfc81dee642d9075ea2187_XL.jpg

Факултетот за туризам и бизнис логистика на 24 и 25 октомври ја организираше својата Прва меѓународна научна конференција на тема „Предизвици во туризмот и бизнис логистиката во 21 век“ во Хотел „Аполонија“ во Гевгелија.

На Конференцијата учествуваа професори од Полска, Турција, Литванија, Србија, Бугарија и од Косово, како и од професори од Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, Институтот за географија и Економскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Бизнис академија „Смилевски“, Електротехнички факултет и Ликовна академија при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип. Свои излагања претставија и студенти на втор и на трет циклус студии од Македонија, Србија и од Грција.
Организацискиот комитет го сочинуваа претставници од десетина земји од Европа. Деканот на Факултетот за туризам и бизнис логистика, проф. д-р Никола Димитров, истакна дека ова е само почеток кој ќе значи континуирано одржување средби и конференции во иднина, со цел развој на образованието и популаризација на туризмот.

Настанот беше спонзориран од Хотел „Аполонија“ – Гевгелија, Мотел „Сенатор“ – Гевгелија, Ресторан „Велвиција“ – Гевгелија, Хотел „Полин“ – Дојран, Винарија „Маркудови“ – Гевгелија, „Евита компани“ – Гевгелија, „Вори“ – Гевгелија, Пекарница „Бекарт“ – Гевгелија, Ресторан „Гранико“ – Дојран, Негорски Бањи и „Прилепска пиварница“ – Прилеп.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top