images_2018_11_nil_armstrong_aps_EPA_Mike_Nelson_729008635.jpg

Личните предмети на американскиот астронаут Нил Армстронг, првиот човек кој стапна на Месечината беа продадени на аукција за повеќе од 7,4 милиони долари.

Аукциската куќа Херитаџ чие седиште се наоѓа во Далас соопшти дека идентификациската значка Игл со лунарен модул Аполо 11 беше најскапиот предмет кој беше продаден на аукцијата чија цена достигна 468 500 долари.

Првото одело за летање кое го облече Армстронг во 1966 година кога двете вселенски летала за споија во Гемини 8 беше продадено за цена од 109 375 долари.

Покрај тоа, на посебна аукција, продадена е златниот авијатичарски шлем на Џон Глен, првиот Американец кој орбитираше околу Земјата за 46,250 долари.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail