Предности на учење во читална

library-488681_960_720-743x418.jpg

Кога живеете во студентски дом или делите стан со цимери или ви е врева по дома, решение за да учите е читалната.
Еве неколку предности кои ги нуди читалната доколку се одлучите таму да учите.
Мотивација
Предност на учење во вашата соба е удобноста, но секојпат некој може да ви го одвлече вниманието. Многу лесно ќе ја изгубите мотивацијата кога на мобилниот телефон ќе ви излегуваат нотификации од социјалните мрежи. Тоа го нема во читалната, бидејќи ќе мора да го исклучите звукот на мобилниот, нема ТВ, нема социјални мрежи.
Мртва тишина
Во читалната е потивко отколку во сопствениот стан. Во читалната доаѓаат да учат и подготвуваат испити, па нема допишувња, озборувања, шетање итд.
Помош од пријатели
Уште една предност на читалната е што можеби има ист колега кој го подготвува истиот испит или постар колега кој веќе го положил, па може да ви помогне.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail