Предупредување за корисниците на „WhatsApp“: Никогаш не ги преземајте овие апликации!

Predupreduvanje-za-korisnicite-na-WhatsApp-Nikogash-ne-gi-prezemajte-ovie-aplikacii.jpg

Предупредување за корисниците на „WhatsApp“: Никогаш не ги преземајте овие апликации!

Корисниците на „WhatsApp“ би требало да бидат свесни за опасноста од ширењето на лажните верзии на оваа популарна апликација.

Како што пренесува „Daily Express“, можно е за „iOS“ и „Android“ на различни „APK“ интернет страни да се најдат верзии на апликации на „WhatsApp“ кои се „променети“ така што корисниците имаат дополнителни можности за користење, кои инаку оргиналната „WhatsApp“ ги нема.

Превземањето на ваквите верзии кои не пристигнуваат од официјалните продавници (App Store и Google Play Store) преставуваат голем ризик за вашата приватност. Модифицираните и неофицијалните верзии можат вашиот телефон да го направат ранлив на повеќе начини.

Еден од најчестите напади кои хакерите го користат е „Man In the Middle“ (MITM) нападот, каде злонамерните луѓе можат да ја превземат секоја ваша порака, дури и да ја променат пред да пристигне до конечната цел.

Исто така, „WhatsApp“ се закани со тоа дека автоматски ќе бидат исклучени сите налози за кои ќе се утврди дека доаѓаат од модифицирани апликации, поради општата безбедност на сите корисници.

Предупредувања за ризичните користења на модифицираните верзии на „WhatsApp“ прво се појавија на друштвената мрежа „Reddit“, a потоа на и на „Twitter“ профилот „WABetaInfo“.

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail