„Прекинувач“ ги уништува канцерогените клетки

kancer.jpg

Нова студија открила дека РНА молекулите развиени за студирање на гените можат да активираат скриен механизам кој и наложува на клетката да изврши „самоубиство“, а некои научници веруваат дека ова може да се искористи за создавање нови методи за третирање на канцери.

Авторот на студијата Маркус Питер изјавил дека механизмот функционира како кога би извршиле самоубиство со бодење, пукање и фрлање од зграда – сето тоа истовремено, бидејќи шансите за преживување се апсолутно никакви.

Питер и неговиот тим ги откриле секвенците во човечкиот геном кои ги поседуваат овие карактеристики кога тој е конвертиран во мали двојни верижни RNA молекули. Се смета дека овој механизам е стара техника која клетките ја користеле за елиминирање на канцерот пред да се развие адаптивниот имунолошки систем пред многу милиони години.

Идентификувањето и пронаоѓањето на овие специфични молекули било исклучително тешко, бидејќи тие се активирале во точниот момент кога клетката станувала канцерогена.

За да се истражи дали овој механизам би можел да се користи во третмани против канцер, биле искористени наночестички да се внесат молекулите во глувци кои имале човечки рак на матката. Молекулите го забавиле растот на туморите без да ги зголемат нивоата на токсичност кај животните, а истовремено туморите не развиле отпорност кон третманот.

Истражувачите се надеваат дека терапиите кои ќе го користат овој механизам ќе имаат големо влијание врз уништувањето на голем број на канцери.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top