stan.jpg

Уште едно одлично архитектонско решение кое доаѓа од Париз, а станува збор за преубав стан кој во само осум квадратни метри пружа совршена функционалност.

На видео снимката која овие денови ја ужива својата популарност на социјалните мрежи, е прикажан стан од само 8 квадратни метри кој го потпишува студиото “Kitoko”.

Со мала фантазија, овој успешен проект наишол на одобрување на луѓето ширум светот, а посебно на ентериеристите кои се воодушевени од деталите.

Имено, на снимката е прикажана соба од 8 квадратни метри која е претворена во животен простор кој е многу функционален и кој поседува сè што треба да поседува еден дом.

Проектниот тим ја постигнал функционалноста благодарение на модуларниот мебел. Студиото “Kitoko” со ваквото архитектонско решение докажало дека и малиот простор може да биде совршен, а животот во 8 квадратни метри може да стане реалност.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail