Преку граница само со лична карта!

makedonija.jpg

Новата земја во која македонските државјани можат да влезат со лична карта е Босна и Херцеговина !

Владата на Босна и Херцеговина денеска ја утврдила предлогот-основата за водење преговори заради склучување договор со Владата на Република Македонија за олеснување на условите за патување на државјаните на двете земји.

Договорот, како што јавува агенцијата ФЕНА, треба да им овозможи на државјаните на БиХ и на Македонија меѓусебен безвизен режим до 90 дена во период од шест месеци, со важечки патни документи или важечка биометриска лична карта на сите гранични премини за меѓународен сообраќај.

Граѓаните на двете земји кои имаат намера да останат подолго од 90 дена на територијата на една од државите го регулираат својот престој во согласност со нејзиното законодавство. Предлогот треба да биде доставен до Претседателството на БиХ, а за потписник на документот е предложен министерот за надворешни работи.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail