Прекумерна употреба на парацетамол е штетна за црниот дроб

b_170202016-640x427.jpg

Парацетамолот е најпопуларното апче против болки во светот и е достапно во многу комбинации. Се користи за намалување на температурата и отстранување на симптомите на грип и настинка. Но според новата студија прекумерната употреба на парацетамолот може да биде фатална за функцијата на црниот дроб.

Студијата која ја работеа научниците од универзитетот во Единбург и Осло покажува дека овој аналгетик предизвикува оштетување на црниот дроб на ниво на цироза и хепатитис. Сметаат дека прекумерна употреба на овој лек предизвикува акутно затајување на црниот дроб.

Прекумерната употреба на парацетамолот ги оштетува виталните структурални врски меѓу соседните ќелии во ткивото на црниот дроб.

„На поголемиот број луѓе во светот парацетамолот им е прв избор затоа што е евтин и ефикасен. Но оштетувањето на црниот дроб предизвикано од лекови е важен клинички проблем и предизвик за развој на безбедни лекови. Резултатите на нашето истражување ја засилуваат потребата за разумна употреба на парацетамолот и може да помогнат да откриеме и спречиме штетата од неговото прекумерно користење“, изјави доктор Леонард Нелсон.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail