ПРЕМИЕРНО: Погледнете го видеото кое го најавува мјузиклот „Тајно моја“

fdsfs.png

Подготовките за  долго очекуваниот мјузикл „Тајно моја“ посветен на нашата музичка легенда Тоше Проески се при крај.  Денес на интернет каналот Јутјуб и социјалните мрежи се појави и официјалното видео кое наедно го најавува и големиот проект.

Останаа уште само неколку дена до премиерата која ќе се случи на 10-ти март во Македонската опера и балет која имено е и продуцент на мјузиклот.

Во спотот покрај победниците од „Кастинг талент шоу“, Антонија Гиговска и Денис Димовски, се појавуваат и Игор Џамбазов, актерката Јана Стојановска, Весна Петрушевка, Александар Тарабунов и други…

Инаку, видеото е во режија на Огнен Шапковски, како директор на фотографија се потпишува Кристијан Теодоров, ронин оператор е Борис Јосифовски, додека зад продуцентската палка стои Александар Паунвски. Финалното дело е во реализација е на „Мелем“ продукција.

Поради големиот интерес, билетите за првото премиерно издание се распродадени, па токму затоа се најавува и втора изведба на „Тајно моја“ која ќе се случи на 21-ви март во 20 часот.

Погледнете:

 

 

Новото видео за "Тајно моја" за Тоше Проески!

Posted by Igor Durlovski on Dienstag, 28. Februar 2017

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail