Препознајте ја разликата помеѓу кашлица и воспаление на белите дробови

kaslica14.jpg

Иритантната кашлица која често се појавува во овој период од годината, прави сите да се исплашиме во случај да се работи за нешто посериозно како што е воспалението на белите дробови.

Сепак, воспалението на белите дробови е акутно воспаление кое обично се создава поради вирус или бактерии. При овој вид на воспаление пациентите се соочуваат со отежнато дишење, поради што доаѓа до слаб проток на кислород во крвта. Многу е важно на време да откриете дали се работи за воспаление или обична кашлица, бидејќи последиците може да бидат кобни.

Причини за воспаление на белите дробови

Streptococcus pneumoniae е најчестата причина за појава на воспалението. Секако на микроорганизмите им е полесно да го нарушат имунолошкиот систем и да го нападнат кога е во слаба состојба. Можноста за појава на ова воспаление може да зависи од три факти:

  • Колку сте моментално здрави – под ова се мисли во каква ситуација е вашиот имунитет, дали сте склони на алергии и слично.
  • Вашите години – иако ова воспаление не познава години, факт е дека ги погодува најчувствителните, односно децата и постарите лица. Особено критични се они постари од 65 години, бидејќи за нив оваа болест може да биде смртоносна. Баш поради тоа важно е да се лекуваат.
  • Вашата околина – ако во вашата околина владее епидемија на грип или настинка, ризикот да оболите од воспаление е поголем

    Превенција и лекување

    За жал за оваа болест не постојат превентивни мерки кои во целост би го зајакнале имунитетот. Секако, вие мора да се погрижете самите за тоа како да го доведете имунитетот во добра состојба, преку здрава исхрана, примање витамини и редовно вежбање. Откако ќе воспоставите дека е време да го посетите вашиот лекар, тој ќе процени дали е потребна хоспитализација или само куќна нега. Во принцип, лекувањето на воспаление на белите дробови ако започне на време не е тешко ниту комплицирано. Само потребно е мирување и антибиотици.

    Причини за грижа

    Оној момент кога вашата кашлица која е во ран стадиум сува, ќе стане продуктивна, односно со густ секрет кој го искашлувате, време е да го посетите лекарот. Други симптоми се зголемена температура, чувство на омалаксаност и отежнато дишење. Немојте да чекате бидејќи за оваа болест времето е клучен сојузник на вашето здравје. Штом кашлицата стане болна веднаш обратете се на лекар!

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail