Престанал да пие кафе, а еве што сфатил по 30 дена од откажувањето

Prestanal-da-pie-kafe-a-eve-shto-sfatil-po-30-dena-od-otkazuvanjeto.png

Престанал да пие кафе, а еве што сфатил по 30 дена од откажувањето

За повеќето луѓе, кафето е неизоставен дел од утринската рутина. Денот не започнува ако не испиеме барем една шолја кафе, а токму тоа правило важело и за Јутјуберот Чејс Барон.

Тој сметал дека кафето му обезбедува енергија па одлучил да го исфрли од менито на еден месец. Барон целосно се откажал од кофеинот и следел како се чувствува.

„Ништо лудо не се случи. Немав главоболки, не бев депресивен, дигестијата ми беше уредна, ако не и подобра од претходно“, вели Јутјуберот.

Меѓутоа, признава дека можеби тоа е резултат на припремата за експериментот. Еден месец претходно го намалил внесот на кофеин – утринската шолја кафе ја намалил на половина и попладне пиел чај.

„Ако одлучите целосно да го отфрлите кофеинот, ќе ве изненади во колку работи тој всушност се наоѓа“.

Чејс се чуствувал постабилно без кафе и немал нагли падови на расположението и енергијата.

„Научив дека ништо не се менува ако мојот живот не вклучува кофеин, но едноставно го сакам, особено во облик на кафе. Ми недостасува вкусот и мирисот, рутината на пиење кафе во кафуле. Кафето е друштвен ритуал во кој сакам да учествувам“, заклучил Барон.

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail