Претераното сончање носи стареење и рак на кожата

soncajne.jpg

Преголемата изложеност на сончевите зраци може да биде многу опасна за здравјето. Наместо убав темен тен, претераното сончање може да доведе до забрзано стареење, но и до сериозни болести, како рак на кожа. Кожата, предупредуваат дерматолозите, памети, па последиците од изгорениците може да се појават и по неколку децении откога се случиле. Виновник за тоа е штетното УВ-зрачење на кое се изложуваме. Сончеви изгореници може лесно да настанат и дома и на годишен одмор.

Не е практично, вели прим. д-р Лидија Бисеркоска-Атанасовска, дерматовенеролог во првата приватна општа болница „Ре-медика“, а и не е потребно да се избегнува сонцето. Во зависност од висината на УВ-индексот и во зависност од бојата на кожата, треба да се заштитиме и при секојдневните активности. Кога УВ-индексот е 5 или повисок, на кожата ѝ е потребна заштита од УВ-радијацијата на сончевата светлина. Луѓето со многу светла кожа е потребно да се заштитуваат кога вредноста на УВ-индексот е 2-3 или повисока.

– Заштитете ги децата. Сончеви изгореници со меури во детството го зголемуваат ризикот од појава на канцер на кожата понатаму во текот на животот. За бебињата е најбезбедно да не се изложуваат директно на сонце, а се препорачува употреба на заштитни кремови. Нанесете заштитно средство и кога излегувате налето иако работите во затворен простор. Доколку е можно, особено бидете заштитени меѓу 11 и 17 часот – советува Бисеркоска-Атанасовска.

На годишен одмор заштитното средство треба да се нанесувате на секои 2 часа. Според европските стандарди, потребно е количество од 6 мали кафени лажички крем за да се заштити кожата на возрасен човек. Ако носите соодветна облека, потребното количество крем е секако помало. Се препорачуваат кремови, лосиони, гелови со заштитен фактор со ознака „широк спектар“ за заштита од УВБ и УВА-зраците со посебни ознаки.

ПОВЕЌЕ ВО НОВА МАКЕДОНИЈА

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail