Претседателот на Европската Асоцијација на Еразмус координатори во посета на штипскиот Универзитет

aaa.jpg

Директорот на Асоцијацијата на Еразмус координаторите и на европската канцеларија за кариера, Грегорис Макридес денеска одржа предавање на студентите и професорите за можностите што ги нудат овие две асоцијации, но и останатите фондови на ЕУ за реализирање на проекти од научната сфера.

– Целта е да се стимулира иновација меѓу европските фондови, фондови кои ќе ги користат сите земји на Европа. Оваа земја има право да учествува, една од најактивните е во Еразмус Програмата, а ја има и во други програми. Постојат многу можности во Фондовите, а денеска ќе прикажеме неколку идеи и како да се развиваат, вели Макридес.

Смета дека македонските универзитети треба да бидат поактивно вклучени во конферциите на Еразмус програмата, а програмата како што рече  нуди мобилност на студентите и професорите, како и поголемо знаење и искуство во делот на научно истражувачките проекти.

Макридес денеска имал средба со ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Блажо Боев, на која што штипскиот ректор се интересирал за можностите за остварување на соработка и вмрежување со други европски универзитети. Прашан дали македонските универзитети имаат проблеми поради политичкиот спор со соседна Грција, Макридес вели дека меѓу универзитетите постои соработка.

– Мислам дека соработката преовладува. Ги разбирам споровите, но, работиме и се надевам дека политичките проблеми нема да ја надвладеат соработката, вели Макридес.

Деканот на Електро-техничкиот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Татјана Атанасова – Пачемска вели дека претседателот на двете европски асоцијации е гостин во Штип во рамките на проектот Математичка дебата, кој што официјално стратуваше на 1 декември 2016 година, а е подджан од Еразмус Програмата

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail