IMG_7942.jpg

На 09.10.2019 година Претседателот на Република Северна Македонија д-р Стево Пендаровски го посети Факултетот за безбедност-Скопје. Во Деканотот се одржа средба на претседателот Пендаровски со Проректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“- Битола проф. д-р Марјан Ѓуровски, Деканот на Факултетот за безбедност-Скопје проф. д-р Никола Дујовски и продеканот за настава проф. д-р Наташа Пеливанова. На состанокот се разговараше за работењето на Универзитетот со посебен осврт на Факултетот за безбедност и универзитетското образование од областа на безбедноста, криминалистиката, криминологијата и безбедноста и евроатланските интеграции која се реализира на оваа високообразовна институција членка на УКЛО. Воедно, студентите од Факултетот за безбедност-Скопје имаа можност да остварат непосредба средба со Претседателот Пендаровски кој се интересираше за нивното студирање и нивната понатамошна иднина како кадар за потребите на безбедносните институции во државата и другите недржавни актери од безбедносниот систем на земјата.

Од страна на Деканот на Факултетот за безбедност-Скопје проф. д-р Никола Дујовски на Претседателот на Република Северна Македонија д-р Стево Пендаровски му беше врачена плакета за досегашната успешна соработка и поддршка, подвлекувајќи дека Пендаровски е прв претседател кој доаѓа во оваа институција во 42 години од нејзиното постоење.

Факултетот за безбедност – Скопје беше домаќин на научно-стручна расправа на тема: „Стратешки приоритети во безбедноста и одбраната-Република Северна Македонија по членството во НАТО“ која се организираше во соработка со Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија.

Дебатата ја отвори Претседателот на Република Северна Македонија д-р Стево Пендаровски, а се обрати и Деканот на Факултетот за безбедност-Скопје проф.д-р Никола Дујовски. Панел воведничари беа: проф. д-р Марјан Ѓуровски, проректор на Универзитетот „Св.Климент Охридски“- Битола, проф. д-р Саше Герасимовски, проф. д-р Марјан Николовски и проф. д-р Александар Иванов од Факултетот за безбедност-Скопје, а говореа и членовите на Советот за национална безбедност проф. д-р Трајан Гоцевски и проф. д-р Ветон Љатифи. Повод за одржување на дебатата беше разгледување на предлог-Стратегијата за одбрана на Република Северна Македонија која е предмет на расправа пред нејзиното донесување од Претседателот на Република Северна Македонија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail