5-do-12-Ohrid.jpg

Словенскиот театар „Харлекин“ со претставата „А, Е, И“ на 15 август (четврток) од 20:30 часот ќе гостува во Охрид, во склоп на културолошката иницијатива „5 до 12“.

„А, Е, И е претстава која на смешен начин прикажува како овие тројца ликови го гледаат светот од неговото создавање, па се’ до неговиот крај“. Јазикот на кој што говорат овие луѓе се состои само од овие три букви: А, Е, и И“, велат од „5 до 12“.

Според најавата, претставата во првите пет минути е комедија, потоа се претвора во акција, па драма, за на крај да кулминира со борба за опстанок.

„Стравот од крајот на светот е видлив – како за ликовите, така и за публиката. Крајот е брутално вистинит и еднаков за сите. Обезбеден е превод на сите европски јазици. Влезот е апсолутно доброволен, на своја одговорност и тотално бесплатен“, се вели во соопштението на „5 до 12“.

Во претставата играат Огњен Богдановиќ, Ненад Муждера и Митја Крањц, а идејата и режијата е на Ненад Муждера.

Инаку, претставата е еден од настаните кои во склоп на „5 до 12“ се организираат од 7 јули до 31 август во Охрид.

извор: радиомоф

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail