Претставен новиот телефон кој може да се измие со сапун ! (видео)

400223truemid7555460.news_.jpeg

Јапонскиот произведувач на мобилни телефони Kyocera, го претстави смартфонот кој може да се измие со сапун.

Rafre, последниот уред на компанијата Kyocera не само што е отпорен на вода туку и поднесува обичен сапун (за раце и тело) и слични средства за чистење. Покрај отпорност на сапун, Rafre доаѓа и со апликација за готвачи, низ која може да користи навигација без допирање на дисплејот.
Со цел да обезбедат што подобра отпорност, дизајнерите ги отстраниле традиционалните звучници заменувајќи ги со систем за производство на звук низ самиот уред користејќи „smart sonic reciver“ технологија.
Што се однесува до спецификациите овој уред и припаѓа на средната класа. Rafre има 5 – инчен екран, 2ГБ РАМ, 16ГБ интерна меморија, камера од 13 мегапиксели, батерија со капацитет од 3000 мАх, а го придвижува Андроид 7.0.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail