Претставен студентскиот првобранител на УКЛО

UKLO_STUDENTSKI_PRAVOBRANITEL_press-scaled.jpg

Заштита и подобрување на студентските права и на образовниот процес во целина, се дел од приоритетите на кои ќе се посвети Студентскиот правобранител на УКЛО, Бојан Петровски.

Како прв Студентски правобранител избран на јавните универзитети во државата, тој ја нагласи заложбата за одговорно и одлучно дејствување при детектирање и решавање на било какви тешкотии или пречки во наставнообразовниот процес и во делот на другите домени што се однесуваат на студентите.

Од името на раководството на УКЛО, ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски истакна дека УКЛО целосно го заврши процесот на формирање студентски органи и тела. Гласот на студентите како и нивните активности се на извесен начин коректив и можност за унапредување во универзитетското функционирање.

Запознавањето со Студентскиот правобранител на УКЛО и излагањето на неговите идни активности се одржа во Ректоратот на УКЛО на 4.03.2020 година. Бојан Петровски, студент на Правниот факултет, е избран со мандат од две години, без можност за реизбор, со Одлука на 178. Седница на Универзитетскиот сенат, а на предлог на Универзитетското студентско собрание. На изборот му претходеше претходно спроведена постапка во согласност со член 31 став 2 од Законот за високото образование.

Студентскиот правобранител на УКЛО ќе работи во просториите на КРЕДО Центарот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail