Претставници на Дипломатската академија на Косово во посета на УЈИЕ
Претставници на Дипломатската академија на Косово во четвртокот (26.11.2020 год.) беа во посета на Универзитетот на Југоисточна Европа. Делегацијата ја прими проректорката за меѓународна соработка и истражување, проф. д-р Беса Арифи. Целта на состанокот беше да се иницира потпишување договор за соработка за организација на обука за дипломатија и протокол за студенти, вработени во разни локални и меѓународни организации и други засегнати страни.
Извор: УЈИЕ