ПРЕТСТАВНИК ОД УТМС УЧЕСТВУВАШЕ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ,,ДЕБАТЕН ФОРУМ” ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА НЕЗАВИСНАТА УГОСТИТЕЛСКА КОМОРА

PRETSTAVNIK-OD-UTMS-UCHESTVUVASHE-NA-KONFERENCIJATA-DEBATEN-FORUM-VO-ORGANIZACIJA-NA-NEZAVISNATA-UGOSTITELSKA-KOMORA.jpg

ПРЕТСТАВНИК ОД УТМС УЧЕСТВУВАШЕ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ,,ДЕБАТЕН ФОРУМ” ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА НЕЗАВИСНАТА УГОСТИТЕЛСКА КОМОРА

Во организација на Независната Угостителска Комора на 10-ти Септември 2020 година се одржа конференција „Дебатен форум“ на која за прв пат учествуваа не само членки на комората, туку и гости угостители, производители и дистрибутери на пијалоци и храна, естрадни уметници и други претставници на зависни и засегнати сектори од работење, државни институции кои се директно инволвирани во креирање и примена на законска рамка за работењето на угостителите.
На конференцијата активно учество во дискусиите имаше и проректорот за настава од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, проф. д-р Мијалче Ѓоргиевски кој во своето излагање истакна дека проблемот со кадар не е во образованието, туку многу повисоко. Во тој контекст проф. д-р Ѓоргиевски истакна: ,,Ние продуцираме кадри. Кај младите има интерес за оваа професија. Иако мора да признаам дека во изминатиов период поради пандемијата е нарушен практичниот дел од наставата, што за овие профили во угостителството е од особен интерес. Меѓутоа проблемот околу кадарот не е во образованието. Само од нашиот универзитет излегуваат годишно над стотина угостители, но над 50 проценти од нив си заминуваат од државата. Значи проблемот е посеопфатен не само од аспект на нелојална конкуренција во струката, лиценцирање, економска исплатливост, плати, достоинство, почитување на професиите и ред други работи кои младите ги гледаат како препрека во нивното креативно изразување и реализирање на струката”
Преку дискусија НУК со своите членки разменија искуства и предлагаа заеднички мерки според кои ќе се поддржува и олесни нивното работење и предложија предлог начини како да се заштитат од моменталната нелојална конкуренција. Покрај интерните мерки, се дискутираа и очекувањата од Владата кои произлегоа од нивните досегашни официјални посети, анализи и заклучоците за услови под кои би можеле да го продолжат своето работење и во услови на очекуваниот, т.н. втор бран на епидемија.

Извор: УТМС

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail