Преведен рускиот роман „Камениот мост“ од Александар Терехов

kameniot-most.png

Романот е историска реконструкција на сталинистичката ера, од перспективата на една седумгодишна истрага за случајот што Сталин го нарекол „волчиња“.

Издавачката куќа „Бата прес“ го објави „Камениот мост“ од рускиот писател Александар Терехов – историски роман – документарно сведоштво за СССР во времето на Сталин. Делото од руски на македонски јазик го преведе д-р Максим Каранфиловски.

Авторот на романот се заинтересирал за едноставноста и нелогичноста на трагичната приказна за Володја Шахурин и Нина Уманскаја „московските Ромео и Јулија“ од 1943. Тој почнува да истражува и да копа по стари документи и лични сведоштва… И доаѓа до вистината за еден настан и за животот и настаните во СССР во Втората светска војна и потоа.

– „Камениот мост“ е детална историска реконструкција на сталинистичката ера, од перспективата на една седумгодишна истрага за случајот што Сталин го нарекол „волчиња“, соопшти издавачот.

Александар Михаилович Терехов (1966) дипломирал новинарство на Московскиот државен универзитет. Работел како репортер за културната рубрика и уредник од весниците „Огонек“ и „Столица“, а од 1999 година е генерален директор на издавачка куќа „Јас читам“. Напишал повеќе книги, а за „Камениот мост“ го добил второто место за наградата Руски букер (Најдобра книга). Преведен е на англиски, италијански, унгарски и на други јазици.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top