Превенција од дискриминација и говор на омраза

prevencija.jpg

Во рамките на активностите поврзани со превенција од дискриминација и постапување во случаи на криминал од омраза и говор на омраза, кои Правниот факултет ги остварува во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, се одржа Обука од алумни за антидискриминација, говор од омраза и криминал од омраза.

На Обуката учествуваа студенти од Правниот факултет, од прва, втора и трета година од Штип и од Струмица, кои имаа можност да слушнат презентации од нивни колеги – алумни, кои веќе поминале низ истиот циклус во рамките на минатогодишните активности на проектот.

Алумните (Кире Иванов, Елена Трајковска, Наташа Донева, Анастазија Коцева, Антонио Стоилов, Андреј Митевски, Христина Спирова, Марија Алексовска, Иван Николов и Верица Јосифова) на одличен начин реализираа четиричасовни предавања преку теории, примери и пракса и со нивната умешност успеаа да ја доловат суштината на обуката и да го пренесат нивното знаење до студентите.

Следната активност што се планира е Дебата за криминал од омраза, предвидена да се одржи на 26 април 2017 г., со почеток во 10.30 часот во Свечената сала на Правниот факултет.

На дебатата ќе учествуваат проф. д-р Лазар Нанев, доц. д-р Олга Кошевалиска и проф. д-р Жанета Попоска (Мисија на ОБСЕ во Скопје).

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail