Презентација на програмата Еразмус плус во Тетово

erazmus.jpg

Програмата Еразмус плус на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност денеска ќе биде презентирана во Тетово. Агенцијата во рамки на своите активности денеска ќе биде дел од настанот за доделување на Еуропас сертификати на 44 ученици за успешна реализација на Еразмус плус проект во училиштето „Никола Штејн“ во Тетово.

Според Дарко Димитров, директор на Националната агенција за европски обрзовни програми и мобилност, во градот Тетово традиционално имаат корисници кои учествуваат во програмата Еразмус плус.

– Тука би ја потенцирал и соработката со училиштето „Никола Штејн“, училиштето „Моша Пијаде“ и, секако, Универзитетот на Југоисточна Европа и Тетовскиот државен универзитет. На ниво на градот Тетово, Националната агенција од 2014 до крајот на 2016 година има доделено над 1.200.000 евра, изјави Димитров.

Оваа година националните агенции низ Европа ја одбележуваат 30-годишнината од постоењето на Еразмус програмата – целта на кампањата е да се зголеми видливоста на програмата Еразмус+, презентација на добри практики од успешно спроведени проекти, како и презентирање на можностите отворени за Република Македонија преку целосното учество во програмата Еразмус плус.

Сите активности ќе се промовираат и преку веб-страницата на Агенцијата na.org.mk и на официјалната фејсбук страница на Националната агенција.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail