Презентација на современа танцова програма на студентите од класата на Вонр. проф. д-р Искра Шукарова

28321_200617144825483.jpg

На 21.06.2017 во 19:00 часот, на малата сцена на Македонската опера и балет ќе се прикаже програмата на студентите од Факултетот за музичка уметност – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од класата на Вонр. проф. д-р Искра Шукарова – Катедра за балетска педагогија. Програмата ја сочинуваат етиди и танцови вежби кои ќе бидат изведени од студентите од прва до четврта година. Вонр. проф. д-р Шукарова се повикува на методите на теоретичарот Рудолф фон Лабан како основа за совладување на практичните принципи кои ги интегрираат просторните и динамичките компоненти во кореографската структура.

Истата вечер за прв пат ќе биде покажана најновата кореографија, поточно работа во процес на Шукарова, насловена “Чудна Шума”. Учествуваат студентите: Јана Петровска, Теодора Ежовска, Христина Ангеловска, Бојан Мицев, Марија Ристеска и Олга Серафимова.

Како дел од програмата ќе биде прикажан и испитниот материјал на студентите од втора година по предметот Модерен танц на познатиот кореограф Игор Киров и неговиот асистент Елена Антонова Петровик, каде студентите изведуваат лични дела под менторство на Елена Антонова Петровик.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail