Презентација на стипендии за студирање во странство

Expo-2018_new.jpg

На 27 октомври во хотел Континентал по деветти пат ќе се одржи „Стипендии ЕКСПО“ за информирање на сите заинтересирани за студии во странство.

„Ова е единствен настан од ваков вид во Македонија, кој нуди уникатна можност на едно место да се презентираат голем број можности за студии во странство и стипендирање од страна на универзитетите.

Годинава ќе учествуваат над 30-на институции со свои штандови, на кои посетителите ќе имаат можност да се запознаат со претставници од многу приватни и државни универзитети и да одберат од понудените студиски програми, стипендии и други форми финансиска помош што им се достапни на македонските граѓани за студирање во странство“, се вели во соопштението.

„Стипендии ЕКСПО“ се состои од два елементи: Сала за изложувачи (универзитети и институции кои доделуваат стипендии) каде ќе бидат презентирани нивните студиски и стипендиски програми директно на посетителите на настанот.

Покрај салата за изложувачи ќе има и одделна просторија каде претставниците на универзитетите ќе ги презентираат своите програми за стипендиите кои ги нудат, како и останатите видови финансиска помош за високо образование.

Програмата за презентациите на годинешниот настан ќе биде достапна на влезот на настанот и на веб порталот http://www.studyabroad.mk.

Влезот на манифестацијата е бесплатен но потребно е се пополни пријавата со свои податоци. Секоја влезница има свој уникатен идентификациски број кој го означува идентитетот на посетителот. Истото може да се направи и претходно, најавувајќи ја својата посета преку пополнување на електронската форма за регистрација, http://studyabroad.mk/events.asp?ID=1.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail