Презентација на танцови вежби на студенти од Факултетот за Музичка Уметност

prezen.jpg

Етиди и танцови вежби на студентите од 1 до 4 година од Факултетот за музичка уметност при УКИМ од класата на проф. Искра Шукарова-катедра за балетска педагогија денеска ќе бидат презентирани на мала сцена МОБ.

Катедрата за балетска педагогија при ФМУ-УКИМ постои од 2010 година и има реализирано повеќе важни концертни програми каде земале учество студентите од класичниот и современиот студиски програм.

Програмата за оваа презентација ја сочинуваат етиди и танцови вежби кои студентите ги разработуваа низ текот на последниот семестар. Фокусот на програмата е да се совладаат техничките принципи на современиот танц. Проф. Шукарова се повикува на методите на теоретичарот Рудолф фон Лабан како основа за совладување на практичните принципи кои ги инегрираат просторните и динамичките композициски компоненти.

На презентацијата на програмата ќе настапат студентите: Марија Ристеска, Бојана Христовска, Милена Гаврилова, Теодора Ежовска, Илијана Данилов, Ангела Богатинова, Христина Ангеловска, Ангела Костадиновска, Олга Серафимова, Марија Филиќ, Симона Митовска, Христина Наќевска, Сара Неделковска, Бојана Додевска, Леона Стојчевска. Музиката е од Актрес, Јун Мијаке, Хиден Оркестра и Најт Ловел.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.