Презентирани можностите од „Ерзамус плус“ пред корисници на Фондот за иновации

fond-z-ainovaciiiiiiii.jpg

Пред корисници на Фондот за иновации и технолошки развој денеска се претставени можностите за соработка и финансирање проекти преку програмата на Европската унија за образование, обука, млади и спорт „Еразмус плус“ што се спроведува преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Фокусот на презентацијата е ставен на делот „Клучна акција 2“, кој се однесува на соработка за иновација и размена на добри практики на корисниците на грантови на Фондот за иновации и технолошки развој.

– Целта на презентацијата на програмата ЕРАЗМУС+ беше да се запознаат корисниците со можностите за соработка со други организации или високообразовни и научни институции, со цел поднесување проект апликации за Клучната акција 2 и мобилизиција на дополнителни финансиски средства, се вели во соопштението од Фондот за иновации и технолошки развој.

Клучната акција 2 предвидува проекти кои се фокусираат на секторска и меѓусекторска соработка, проекти кои се однесуваат на работа со индустрија, билатерални и мултилатерални партнерства и воведување иновативни активности.

На презентацијата се претставени и останатите клучни акции кои се дел  од „Еразмус плус“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail