12334.jpg

Во пресрет на празникот 8 Декември, Патронен ден на Универзитетот „Св. Климент Охридски“  – Битола, одржана е заедничка свечена седница на Управата и Сенатот.

По повод пригодата, обраќање имаше ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски, кој ги додели наградите за најдобро дипломираните студенти, при што е потенцирана заложбата на УКЛО да го вреднува, поддржува и афирмира вложениот труд и успехот на своите студенти.

Според традицијата, доделени се и награди за најдобрите остварувања на  наградниот Kонкурс на УКЛО за најдобар истражувачки труд и есеј.

Бројни активности и манифестации на  Универзитетот, во академската 2018/2019 година, ќе бидат во знакот на одбележување на јубилејот-40 години од постоењето.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail