Пријави проблем до градските власти со ПРИЈАВИ.МК и RAPORTO.MK

dupka-na-patot-zakon-1.jpg

Пријави.мк или Raporto.mk е веб платформа која на граѓаните им овозможува да пријават комунални проблеми кога ќе ги забележат. Без разлика дали станува збор за расипана светилка, дупка, ѓубре на улица или во реките; проблемите се пријавуваат со еден клик.

Идејата на веб сервисот е навистина добра. Освен што повикува на свеста на граѓаните, сервисот им нуди и конкретно решение како да помогнат. За идентификување на проблемот има мапа каде треба да се кликне за да се одреди локацијата на проблемот, да се закачи слика, одбере категорија и пише објаснување на проблемот.

Секако ова звучи одлично. Проблемот е што беше точно и звучеше одлично многу пати досега… Најверојатно на некој веќе и му текнува на  „Пријави дупка“, „Поправи.мк“, „Види пријави поправи“…

Сепак колку се корисни вакви апликации ако во Македонија граѓаните треба да почекаат на локални избори за поправки или да бараат врски за да ја пополнат дупката на улицата. Сите вакви апликации изгледаат одлично. За жал, дури и оние кои профункционирале набрзо стануваат некорисни. Секако главен проблем е пријавувањето на проблеми кои потоа не се санираат. Дури и сервисите на кои граѓаните започнале со ентузијазам, набрзо престанаа да функционираат. Главна причина е слабиот одговор на екипите кои треба да реагираат на овие пријави.

Можеби главен проблем е постоењето на повеќе проблеми кои треба да се санираат. Секако за санирање на улици е потребен буџет кој доколку не е одобрен не може да се работи. Со нереагирањето само се обесхрабруваат граѓаните кои биле поготвени да земат активно учество.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail