Пријавувањето за студирање на руски универзитет сега е многу полесно

5a69f93a85600a0ce61dae61-1.jpg

Одете онлајн, одберете насока, закачете ги документите, почекајте одговор и – ТОЛКУ.
Сакате да студирате во Русија? Никогаш не било полесно да аплицирате онлајн. Универзитетите сега ги примаат пријавите за 2018-2019 година благодарение на проектот наречен Russia.Study, кој го промовира руското образование ширум светот.

Сѐ што треба да направите е да отидете на интернет и да ја одберете насоката која ви одговара најмногу.

Имате голем избор на курсеви и можете да направите листа на вкупно шест универзитети за да ги зголемите вашите шанси за успех. Програмата ви дава шанса да студирате во различни руски региони од Москва до Далечниот Исток.

Само закачете ги сите потребни документи онлајн и чекајте одговор. Вообичаено, универзитетите одговараат во рок од три-четири недели. Во секој случај, екипата во Russia.Study ви е при рака да одговори на сите прашања што може да ги имате, затоа обидете се.

Прочитајте повеќе за тоа како полесно да се запишете на руски универзитет

Извор:  Russia Beyond 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top